среда, 16 октомври 2024

Приведен лихвар од Кичево, дома чувал пари и злато

Во Кичево вчера во 15.30 часот полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Л.А.(64) од Кичево поради сомнение дека е сторител на кривично дело лихварство по член 260 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

МВР денеска соопшти дека со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени поголема сума пари во различни валути и апоени, златен накит и други предмети.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ