Како што информира Јавното обвинителство, осомничениот жител на радовишко, на 22 јануари, имал полов однос со 12-годишно девојче од валандовско село, со кое претходно комуницирале преку социјална мрежа.
„Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство и дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Основниот суд во Гевгелија го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена“, информираа од Јавното обвинителство.