среда, 23 октомври 2024

Притисокот на Бугарите се исплатеше, првиот човек на фудбалот поднесе оставка

Објавено на

часот

Сподели

Бугарските фудбалски фанови подолго време правеа притисок за смена на врвот во Фудбалската федерација. Тој особено беше жесток за време на мечот против Унгарија кога низ улиците на Софија се случуваа големи протести.

Претседателот на БФФ, Борислав Михајлов, неможејќи да го издржи притисокот, денеска поднесе оставка.

„Поднесов оставка. Од првиот момент кога дојдов на чело на БФФ бевме изложени на многу притисоци, критики, лаги, агресија…И во таква ситуација успеавме да оствариме голем број од плановите. Репрезентацијата не се претстави во најдобро свело, но кога е спортот во прашање, никогаш не можете да имате гаранција за успех. Тоа што можев јас да го направам, го направив“, изјави Михајлов.

Информациите од Бугарија велат дека новиот претседател ќе биде избран во март наредната година.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ