понеделник, 21 октомври 2024

Пристанишни работници во Барселона одбиле да товарат оружје: „Со него се убиваат цивилите во Газа“

Пристанишни работници во Барселона, едно од најголемите пристаништа на Медитеранот, на неодредено време одбиваат да го претовараат оружјето на бродовите поттикнати од масовното страдање на цивилите во битката на Израел со Хамас во Газа, соопшти денес синдикатот. „Ние, работниците, не сакаме да бидеме соучесници ни одговорни за убиства на која било територија“, наведе синдикатот ОЕПБ кој претставува 1.200 работници.

Објавено на

часот

Сподели

Синдикатот додаде дека не знае дали во пристаништето е складирано оружје, но ако добие информација за тоа, нема да го товари на бродовите. Неколку невладини организации со години известуваат за бродови во чии контејнери се превезува оружје па работниците очекуваат информации од нив.

„Нема да ја сопреме војната, но ако успееме со својот пример да поттикнеме и други пристаништа на ваков потег, ќе бидеме задоволни“, кажа портпаролот на синдикатот Себастијан Хуге. Според него, оружјето нема да се товари без оглед на кого е наменето и во кој дел од светот е упатено.

Шпанија во првата половина на 2022 извезла воена опрема вредна 1,3 милијарди евра, а испораките во Израел изнесувале девет милиони евра. Шпанија не планира да извезува каква било смртоносна воена опрема која би се користела во конфликтот меѓу Израел и Хамас, извести минатата недела шпанската новинска агенција ЕФЕ повикувајќи се на неименувани извори од владата.

Синдикатите на транспортните работници во Белгија вчера ги повикаа своите членови да не товарат воена опрема која се испраќа во Израел за борбата против Хамас. Синдикатите тврдат дека работници на аеродромите виделе пратки со оружје. „Додека е во тек геноцидот во Палестина, работници на различни аеродроми во Белгија гледаат пратки на оружје во насока на воената зона“, порачаа синдикатите во заедничко соопштение.

Во Соединетите Американски Држави, најголемиот снабдувач со оружје на Израел, повеќе од стотина демонстранти го блокираа вчера влезот во пристаништето Такома на  западот на земјата, верувајќи дека бродот Кејп Орландо треба да исплови со оружје и воена опрема за Израел. Демонстрантите со своите автомобили го блокираа влезот во пристаништето и се обидоа да ги спречат работниците да го товарат бродот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ