вторник, 4 февруари 2025

Приштина прогласи вонредна состојба поради ѓубрето

Приштина, главниот град на Косово, прогласи вонредна состојба поради големото количество ѓубре на улиците.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот на Приштина Перпарим Рама кажа дека регионалното јавно претпријатие Пастрими, единството претпријатие одговорно за собирање на ѓубрето во градот, не ја врши ефикасно својата должност.

Напоменувајќи дека Пастрими нема капацитет самостојно да го преземе управувањето со отпадот, Рама кажа: „Ќе продолжиме со вонредната состојба која ја прогласивме, за да ангажираме приватни компании кои би помогнале во правилното чистење на главниот град“.

Општината Приштина објави дека со теренски прегледи на тимови е утврден висок ризик од епидемија поради ѓубрето и дека ситуацијата е алармантна.

Во некои населби во Приштина контејнерите за ѓубре не се испразнети со денови.

Генералниот директор на компанијата Пастрими Петрит Речица ги негираше критиките дека компанијата со која раководи не ја својата работа како што треба.

„И покрај сите тешкотии, работиме нон-стоп 24/7 и не се откажуваме од нашата единствена цел, а тоа е да ја исчистиме Приштина од ѓубрето“, напиша тој на социјалните мрежи.

Општина Приштина поради слична ситуација прогласи вонредна состојба во 2024 година и вклучи приватни компании во процесот на управување со отпадот.

Меѓутоа, опозицијата во Приштина спречи подолгорочно решение со усвојување указ со кој на компанијата Пастрими ѝ е дадено ексклузивно право на пружање на оваа услуга.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ