понеделник, 21 октомври 2024

Пригожин: Еден од загинатите борци во Бахмут е Американец

Објавено на

часот

Сподели

На снимката што е објавена на Телеграм каналот на групата Вагнер се гледа како Пригожин го прегледува телото на загинатиот војник и во рацете држи нешто што го нарече американска лична карта, како што наведува Си-ен-ен.

„Значи, ќе им го предадеме на САД, ќе го ставиме во ковчег, ќе го покриеме со американско знаме со почит, зашто не умре во кревет како стар човек, туку загина во војна. Тоа најверојатно е достојна смрт, зар не”, вели на снимката Пригожин.

Еден војник потоа вели дека загинатиот маж пукал во моментот на загинувањето, а Пригожин одговара: „Пукаше … Загина во битка. Утре ќе му ги ставиме документите и се= ќе спакуваме, во ред”?

Видеото е снимено во Бахмут во текот на ноќта, со звуци на минофрлачки напад, и се слушаат војници што викаат: „Во засолниште! Минофрлачки напад од западна страна”.

Групата Вагнер и самиот Јевгениј Пригожин често поставуваат видеоснимки во пропагандни цели, потсетува Си-ен-ен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ