четврток, 26 декември 2024

Прифатено барањето на Србија за вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Косово

Вонредната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово, која ја побара Србија, е закажана за четврток во 21 часот по средноевропско време, потврди за РТС шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сè уште не е познато дали седницата на Советот за безбедност, со кој претседава Гвајана, ќе биде отворена за јавноста. Србија во понеделникот побара вонредна седница на Советот за безбедност на ОН поради Косово и новите тензии предизвикани од одлуката на Приштина да го укине српскиот динар, што Белград го смета за противзаконска одлука и обид за целосно етничко чистење на Србите.

На Косово на 1 февруари стапи на сила уредбата на централната косовска банка која предвидува готовинските плаќања и платниот промет да се вршат исклучиво во евра, што ја засили загриженоста на српската заедница бидејќи платите и пензиите од Србија ги примаат во динари кои ги користат за купување и продавање.

Западот побара претходно од Косово да го одложи спроведувањето на таа одлука, со објаснување дека може да има негативен ефект врз косовските Срби.

Вашингтон побара од Приштина „моментално да се одложи примената на одлуката, додека не се исполнат соодветните процедури согласно европските стандарди“ и „додека населението не се информира доволно како ќе се спроведува транзицијата“, со подолг преоден период.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ