недела, 23 февруари 2025

При обид за бегство со автомобил, фрлил кокаин – доби кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.И.(37) од с.Добри Дол, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Објавено на

часот

Сподели

На 13.02.2025 на подрачјето на општина Врапчиште, Гостиварско, пријавениот со патничко возило „форд фиеста“, кое го управувал, не застанал на знак за запирање и при обид да избега, од возилото фрлил кокаин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ