недела, 23 февруари 2025

Претстои реконструкција на Градската болница „Осми Септември“

ГОБ „Осми Септември“ ќе се реконструира и за тоа ќе се вложат 12 милиони евра од ТАВ проектот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

Како што изјави Мицкоски, болницата ќе биде опремена по европски стандарди, со најсовремена апаратура. Ќе се реновираат неколку хируршки сали, но и покривот.

„Сега некој оперира, а одозгора му тече ако заврне. Малку е непристојно. За жал, никој тоа не го видел десетици години наназад. Ние тоа го видовме и благодарение на заедничката акција на министерот за здравство, министерот за транспорт, луѓето од ТАВ и директорот на „8-ми Септември“, завршивме сè. Сè е и административно потврдено, поминато е на Влада и договорите се потпишани. Оваа недела очекувам медиумите да дознаат повеќе детали. Ќе имаме европски услови во таа здравствена установа. Неколку хируршки сали, мислам дека се седум, ќе бидат европски конкурентни, со најсовремена апаратура и стандарди, а истовремено ќе се реновира и реконструира покривот, зашто протекува“, информираше Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на Општина Гази Баба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ