среда, 23 октомври 2024

Претседателскиот кандидат Кенеди: Оставив леш од мечка во парк во Њујорк (ВИДЕО)

Независниот претседателски кандидат Роберт Кенеди Џуниор објави видео на социјалните мрежи во кое признава дека оставил мртва мечка во њујоршкиот Централ парк во 2014 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Видеото, објавено на неговиот профил на Икс (поранешен Твитер), го прикажува заедно со контроверзната американска комичарка Розан Бар како ги опишува бизарните околности што довеле до инцидентот пред 10 години.

Кенеди рече дека жена удрила и убила мечка со својот автомобил додека тој возел зад неа надвор од градот, а тој ја ставил во своето комбе со намера да ја одере кожата на животното и да го земе месото.

Би-би-си пишува дека ја објавил приказната за да го претекне магазинот „Њу Јоркер“, кој имал намера наскоро да ја објави. „Сакав да ја одерам мечката, која беше во многу добра состојба, и ќе си го ставев месото во фрижидер“, вели тој.

Но, наместо да пријави во полиција, што морал да го стори според закон, а со оглед на тоа дека морал да оди на аеродром, тој не сакал да ја остави мечката во автомобилот.

Тогаш, како што вели, му текнало дека во Њујорк имало серија несреќи со велосипед и дека во автомобилот имал стар велосипед. Тој рече дека дошол до идеја да инсценира велосипедска несреќа со труп од мечка во Централ Парк, која срдечно ја поддржале неколку пијани луѓе со кои бил во друштво. Мртвата мечка ја оставил во паркот заедно со велосипедот.

„Така, го направивме тоа и мислевме дека ќе му биде забавно за оној што ќе го најде или нешто слично“, вели тој. „Следниот ден… беше на секоја телевизија. Беше на сите насловни страници, не можев да верувам“, додаде тој.

Кенеди сега конечно ги призна шпекулациите кои први ги поттикна Њујорк Тајмс.

Роберт Кенеди Џуниор е син на Боби Кенеди и внук на поранешниот американски претседател Џон Кенеди. Кенеди е прилично контроверзна личност во американската јавност поради своите истакнати анти-ваксерски ставови и промовирањето на бројни теории на заговор, по што некои членови на семејството Кенеди се оградија од неговите ставови.

Кенеди се кандидираше како независен кандидат на овогодинешните претседателски избори во САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ