„Од холокаустот не сме сведочеле на сцени во кои еврејски жени, деца и постари луѓе, дури и оние кои го преживеале холокаустот, се туркани во камиони и одведени во заробеништво“, кажа Херцог во телевизиското обраќање до нацијата.
Тој нападот на припадниците на палестинската милитантна група Хамас за време на викендот го спореди со „одвратните акции на Исламска држава“.
„Хамас го увезе, го усвои и го повтори дивјаштвото на Исламска држава со тоа што упадна во домовите на цивилите на празник и ладнокрвно уби цели семејства“, кажа израелскиот претседател.
Додаде дека млади и стари „злоставуват и палат тела, ги претепуваат и ги мачат своите невини жртви, меѓу кои има Евреи, муслимани и припадници на други вери“.
„Бруталност. Нехуманост. Варварство на чудовишта. Не луѓе, туку чудовишта“, заклучи Херцог.