вторник, 4 февруари 2025

Претседателот на Ел Салвадор: Ќе прифатиме криминалци од САД во нашите затвори (ВИДЕО)

Ел Салвадор вчера им понуди на САД да прифатат депортирани „опасни криминалци“ во своите затвори, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио по средбата со претседателот на централноамериканската земја, Наиб Букеле.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на американската дипломатија, на својата прва турнеја во странство, бара поддршка од земјите во регионот во напорите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да депортира голем број илегални мигранти.

Рубио разговараше со Букеле и неговите соработници речиси три часа, а на средбата се договориле да примат и депортирани кои не се државјани на Ел Салвадор.

„Секој илегален имигрант во САД кој е опасен криминалец, МС-13, Трен де Арагва, од каде и да е – Букеле ни ги понуди нивните затвори за да можеме да ги испратиме и таму да ги притвориме“, рече Рубио, именувајќи некои криминални банди.

Букеле, исто така, понуди неговата земја да прифати и опасни криминалци кои се американски државјани, но не е познато дали САД ќе ја прифатат понудата, пренесува Ројтерс.

Во објава на платформата Икс, Букеле објави дека на Соединетите Американски Држави им понудиле можност за аутсорсинг на дел од нивниот затворски систем.

Цената би била релативно ниска за САД, но значајна за Ел Салвадор бидејќи ќе го направи одржлив целиот затворски систем на земјата, додаде Букеле.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ