петок, 18 октомври 2024

Претседателот на Чешка: Прекин на конфликтот во Украина е невозможен без Русија и Кина

Претседателот на Чешка Петр Павел изјави денес дека би било невозможно да се водат преговори за прекин на конфликтот во Украина без Русија и Кина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кина мора да преземе поголема одговорност за мировно решение, врз основа на меѓународните правила, а не врз основа на тоа кој има поголеми оружени сили или економска моќ“, изјави чешкиот лидер.

Според него, развојот на настаните ќе зависи од резултатите на претстојните избори во светот, пред сè од претседателските избори во Соединетите Американски Држави.

„Втор значаен фактор е воениот замор, кој ги погодува двете завојувани страни – Русија и Украина“, оцени Павел.

Претседателот на Чешка претходно кажа дека очекува извесно придвижување во решавањето на конфликтот оваа или следната година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ