вторник, 23 јули 2024

Претседателката на Македонија ќе учествува на Самитот за мир во Украина

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на покана на претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, на 15 и 16 јуни 2024 година во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија ќе учествува на Самитот за мир во Украина.

Објавено на

часот

Сподели

Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова да има свое обраќање на самитот и да оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот.

„Собирот има за цел да воспостави форум за дијалог на високо ниво за начините за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир за Украина во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН, да промовира заедничко разбирање за можна рамка за постигнување на оваа цел и да дефинира патоказ за тоа како да се вклучат двете страни во иден мировен процес“, информира кабинетот на претседателката на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ