четврток, 6 февруари 2025

Претрес на МВР во МВР, се проверува документацијата во Одделот за општи и заеднички работи

Полицајци вчера по насоки на надлежен јавен обвинител, а во врска со предистражни дејства поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи при МВР, извршија претреси на 16 локации врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка.

Објавено на

часот

Сподели

Активностите беа преземени во координација со Јавното обвинителство околу предмет во предистражна постапка, а за злоупотреба и договарање помеѓу економски оператори и вработени во Одделот за општи и заеднички работи во МВР во врска со спроведена јавна набавка за потребите на Министерството. Притоа, одземени се мобилни телефони и обемна документација што ќе бидат дел од натамошна анализа и вештачење, а исто така беа извршени и службени разговори со повеќе лица, соопшти МВР.
Се работи за сомневања за склучени договори за сервисирање на службените возила и манипулациите при спроведувањето на овие договори.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ