„Ќе се сетите дека претходно кажав дека ја повикувам ДКСК да го погледне целиот случај од почеток до крај, а исто така го повикав и Јавното обвинителство да го испита целиот случај. По петти пат ја повикувам и Владата на САД и Владата на Турција да кажат дали во текот на изминатите две години некој од нив или компании кои потекнуваат од овие земји има нешто побарано во врска со овој проект. Зошто? Бидејќи опозицијата обвинува дека некој сакал преку овие две компании да оствари одредена корист и затоа ги повикувам и нив да дадат свој став’, рече Ковачевски.
Тој избегна да одговори дали договорот ќе се декласифицира во деловите каде што нема деловни тајни и не потврди дали се веродостојни деловите од одговорот што ги објави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Не сум видел што објавил а што се однесува до првото прашање во договорот се определни податоци со степен на доверливост за кои двете договорни страни не сакаат тие да дојдат до конкуренцијата. Од нив зависи кои се доверливи
Премиерот не одговори на новинарско прашање во врска со тоа како течеле преговорите во делот на тоа дека работниците ќе мора да работат по 60 часа и кој го овластил преговарачкиот комитет и „дебело платените консултанти да ѝ подметнат на Владата договор за кој веќе еднаш Уставен суд донел одлука“.
„Бидејќи сѐ уште има неразјаснети прашања ќе го замолам министерот за транспорт и врски Благој Бочварски да одржи уште една средба за да се разјаснат овие прашања“, рече премиерот.
Што се однсесува до тоа каква механизација ќе користи изведувачот на работите, Ковачевски кажа дека компанијата Бехтел и Енка која ќе ги гради автопатиштата ќе користи 51 отсто ресурси од државата, а остатокот од странство за да може проектот да биде завршен навреме.
„Бехтел и Енка работеле на вакви проекти во регионот така што тие имаат и работници и механизација што ќе ја донесат од странство но доминантно ќе ја користат онаа што ѝ стои на располагање од државата. Нормално тоа ќе биде под комерцијални услови со подизведувачи од нашата држава“, рече Ковачевски.