„Не треба да се предадеме на песимизмот. Победа во Украина не е само територијата. Ако Украина влезе во НАТО, дури и без некои територии, тогаш тоа е победа бидејќи ќе биде ставена под чадорот на НАТО“, истакна Калас за Би-би-си.
Владата на Естонија издвои околу еден отсто од естонскиот БДП за воена и финансиска помош за Украина.
„Кога секоја земја од НАТО би го направила тоа, Украина би победила“, смета таа.
Естонија е мала балтичка држава која некогаш беше дел од Советскиот Сојуз, а власта е уверена дека рускиот претседател Владимир Путин, кога ќе престане конфликтот во Украина, ќе го сврти вниманието кон Балтикот, со цел поранешните советски републики да се вратат под контрола на Москва.