четврток, 30 јануари 2025

Прекинат прагот на алармирање во Битола и Струмица, Скопје денеска 37 најзагаден град во светот

Скопје утрово се најде на 37. место по загаденост во светот, според податоците на „iqair“. Во регионот, за споредба, Атина е на 21., а Приштина на 22. место. Од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) пак утрово соопштија дека прекинат е прагот на алармирање за загаден воздух во Битола и Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

„Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКВ) на ден 27 јануари, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3 и епизодата од два последователни денови со надминување на прагот на алармирање за ПМ10 е прекината во Битола и Струмица, се појаснува во соопштението на МЖСПП.

Во неделата ноќта МЖСПП информираше дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри – надминување на вредноста од 150 миктограми на метар кубен (мг/м3) во текот на два последователни денови, бил надминат на мерното место – Струмица.

„Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели“, беше наведено во соопштението на МЖСПП.

Согласно настанатата состојба, како што додадоа од Министерството, за Струмица важеа неколку мерки.

„Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-интегрирана еколошка дозвола. Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-интегрирани еколошки дозволи и елаборати. Инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци. Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила. Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата. Забрана на горење на отворено“, беше истакнато во соопштението.

Се препорачуваше на сите правни субјекти – работодавци, да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Исто така, се препорачуваше на сите правни субјекти – работодавци да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено, да работат од 11 до 17 часот. Се препорачуваше и да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ