четврток, 30 јануари 2025

Предлогот на Бугарија за прекуграничниот желенички тунел стигнал во македонската влада

Владата на денешната седница го примила предлог-текстот на договорот за подготовка, градење и експлоатација на прекуграничен железнички тунел, поднесен од Република Бугарија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Министерството за транспорт, во наредниот период предлогот ќе го разгледува работна група за чие формирање е донесена одлука и во која ќе бидат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министрите за финансии и за надворешни работи и надворешна трговија, Гордана Димитриеска-Кочоска и Тимчо Муцунски, и директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Синиша Ивановски.

Министерството за транспорт во соопштение наведува дека „Владата е силно посветена на изградба и модернизација на европските транспортни коридори, меѓу кои и Коридор 8“.

„Во таа насока изградбата на Коридор 8 е стратешки проект на кој се посветува огромно внимание и во рамки на приоритетите се преземаат активности за негова доизградба. Целта на Владата преку Министерството за транспорт е да се продолжи изградбата на источниот дел на железничкиот коридор 8 и истиот да се поврзе со Република Бугарија. Но, повторно ќе ги потенцираме ставовите на Владата, пругата за да биде функционална, а Коридорот 8 да има смисла и да ги исполни потребите за што е наменет, мора да има заеднички проект за тунелот со Бугарија и изградбата да се одвива заеднички во континуитет на целото тунелско решение“, информира Министерството за транспорт.

Посочува и дека е потребно „од бугарска страна да се доизгради пругата што недостасува до граничната точка, како и да се модернизира пругата од Ѓуешево до Софија“.

„Македонија од своја страна ќе изврши ревидирање на цената на чинење. Подобрувањето на поврзаноста во рамките на Западен Балкан и земјите од ЕУ е клучен фактор за понатамошна интеграција која ќе донесе придобивки за економиите и граѓаните на регионот“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ