петок, 22 ноември 2024

Пред 21 година среде Белград е убиен Зоран Ѓинѓиќ  

Помина 21 година од атентатот во Белград врз Зоран Ѓинѓиќ, првиот демократски избран премиер на Србија по падот на режимот на Слободан Милошевиќ во 2000 година, кој се залагаше за демократски реформи и за влез на Србија во Европска Унија, но атентатот ги запре овие процеси.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По победата на Демократската опозиција на Србија (ДОС), предводена од Демократската партија (ДС) на Ѓинѓиќ на изборите во декември 2000 година, 48-годишниот Зоран Ѓинѓиќ го презеде водењето на владата во јануари 2001 година. Доктор по филозофија, кој исто така студирал во Германија, имаше голем углед во странство. Вети инвестиции и радикална реформа на државата и на општеството, кои требаше да се уредат според западниот модел.

Тој почна реформи, но наиде на противници од редовите на опозициските партии и од одделни членови на ДОС. Голема пречка претставуваше и фактот што државните структури, врз кои почиваше режимот на Милошевиќ беа зачувани речиси во непроменет состав.

Неговата влада соработуваше со Хашкиот суд за воени злосторства на подрачјето на поранешна Југославија и му предаде неколку обвинети, меѓу кои и поранешниот претседател на Србија Милошевиќ. По повеќе од две години вршење на должноста, поврзаноста меѓу политиката  и криминалот го организираше неговото убиство.

Го извршија припадниците на  на злогласната елитна полициска специјална единица ЈСО, таканаречените Црвени беретки, и една од двете најсилни криминални групи во Белград, Земунскиот клан.

Ѓинѓиќ на 12 март 2003 година беше убиен од снајпер во дворот на зградата на владата, среде бел ден. Подоцна во болница им подлегна на повредите. Ранет беше и неговиот телохранител. Таа година пропаднаа дури четири обиди за атентат врз него, а последниот беше само неколку недели претходно.

Заменик-заповедникот на Црвените беретки Звездан Јовановиќ, кој пукаше на премиерот, во 2009 година е осуден за неговото убиство на 40 години затвор.

За организирање на атентатот на иста казна е осуден и поранешниот заповедник на Црвените беретки Милорад Улемек Легија. Јовановиќ тврдеше дека убиството го извршил по налог на Легија, кој му рекол дека Ѓинѓиќ има намера да му ги испорача на Хашкиот суд припадниците на Црвените беретки.

На повеќегодишни затворски казни се осудени вкупно 12 лица, од кои тројца веќе ги отслужија казните. На денот на атентатот во Србија е прогласена вонредна состојба и почна акцијата Сабја, дотогаш најголема полициска акција против организираниот криминал.

Приведени се и испитани речиси десет илјади лица, од кои околу илјада се задржани. Политичката заднина на убиството до денеска не е разјаснета, како ни смените на судиите и обвинителите на судењето, како и заплашувањата и убиствата на двајцата сведоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ