четврток, 28 ноември 2024

Пратениците продолжуваат со расправа по Законот за минерални суровини за коридорите 8 и 10д

Објавено на

часот

Сподели

Седницата започна пред велигденските празници, но дневниот ред не беше усвоен. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаа процедурални забелешки со коишто, меѓудругото, бараа Владата да го објави договорот со Бехтел и Енка за изградба на коридорите и ги повторија сомнежите за можни коруптивни дејствија. 

Претседателот на Комисијата Диме Велков замоли да не се злоупотребуваат процедуралните забелешки на седницата и информираше дека за законот се поднесени четири амандмани, два од ВМРО-ДПМНЕ и два од пратеникот Љупчо Балковски од ВМРО-НП. 

Пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека со една од одредбите од Законот се овозможува изведувачот да може да копа каде и колку што сака. Јаревски оцени дека се избегнува добивање дозвола од надлежни институции, посочувајќи дека на овој дел ВМРО- ДПМНЕ има поднесено амандман. Вториот нивни амандман се однесува на одредбата уште шест месеци по завршувањето на работите на коридорот да може тие што добиле одобрание да ископуваат суровини. 

Според предложените измени рокот за доделување на концесија за експлоатација на минерални суровини за потребите не Бехтел и Енка се определува на најмногу 14 дена.

Во тие 14 дена е предвидено надлежните институции во рок од седум дена од поднесувањето на барањето да достави предлог до владата која пак е должна во следните седум дена да донесе одлука за доделување концесија за експлоатација на минерални суровини.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ