петок, 18 октомври 2024

Пратеници на Европскиот парламент повикаa на кривично гонење на претседателот на Белорусија

Објавено на

часот

Сподели

Белорусија, се наведува во извештајот, е одговорна за нанесена штета и злосторства извршени во Украина, вклучувајќи ја улогата на режимот во нелегалниот трансфер на деца.

„Извештајот затоа ги повикува институциите на ЕУ и државите членки да ги преземат сите неопходни чекори на меѓународно ниво за да овозможат кривично гонење на оние белоруски политички и воени лидери одговорни за злосторства против човештвото и геноциди“, се наведува во извештајот.

Во извештајот на одборот за надворешни работи за односите на ЕУ со Белорусија се додава дека бидејќи Меѓународниот кривичен суд веќе издал налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и руската комесарка за права на децата Марија Лвова-Белова, пратениците на ЕП го повикуваат судот да разгледа сличен налог за апсење на Лукашенко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ