петок, 21 февруари 2025

Пратеници на Европскиот парламент: Европа повеќе не може да зависи од САД за одбраната на своите вредности

Лидерите на четирите политички групи кои го претставуваат мнозинството на избраните членови на Европскиот парламент повикаа денес да се „удвојат напорите“ во одбраната на Украина и „европската безбедност“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Европа повеќе не може да зависи само од Соединетите Американски Држави во одбраната на своите вредности и заедничките интереси“, се наведува во реткото заедничко соопштение на лидерите на десницата, левицата, еколозите  и центарот.

Соочени со американско-руската дипломатска офанзива да се заврши војната во Украина, „Европската Унија и нејзините држави членки немаат друг избор освен да дејствуваат веднаш“, се истакнува во соопштението.

Најавата за почнување преговори на Вашингтон и Москва за прекин на непријателствата во Украина тешко погоди голем број европски лидери, уплашени дека нема да бидат вклучени во процесот.

Според лидерите на четирите групи европратеници, неопходно е „да се соочат со новата реалност и да ги удвојат напорите за одбрана на Украина и европската безбедност“.

„Нашите групи се свесни за итноста и потребата брзо да се реагира за да се обезбедат неопходните средства за нашата одбранбена политика“, се истакнува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ