Македонија У21 вчера ги дозна противниците, играме во група со Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија, а денеска е познат и распоредот.
Во првото коло на 5. септември гостуваме кај Полска, а прва репрезентација која ќе ни дојде на гости е Италија, тој меч е четири дена подоцна.
Во продолжение, можете да го погледнете комплетниот распоред на натпревари на нашата селекција, во групата Е од квалификациите.
1.коло Полска – Македонија 5.септември
2.коло Македонија – Италија 9.септември
3.коло Македонија – Ерменија 10. октомври
4.коло Црна Гора – Македонија 14. октомври
5.коло Македонија – Шведска 13.ноември
6.коло Македонија – Полска 18. ноември
7.коло Италија – Македонија 26.март 2026
8.коло Ерменија – Македонија 31. март 2026
9.коло Македонија – Црна Гора 1.октомври 2026
10.коло Шведска – Македонија 5.октомври 2026