недела, 16 март 2025

Мицкоски со апел до пратениците: Да обезбедиме општествен консензус за промените во Судскиот совет

Oчекував дека СДСМ ќе биде порационален во своите изјави. И сега тоа што го прочитав навистина за мене беше неочекувано, мислев дека еднаш ќе застаневме заедно за да обезбедиме национален консензус и заеднички да работиме на промените, да не биде еднострано, да не бидеме ние обвинети дека ете правиме нешто кое што е дел од коалицијата која што е во Владата, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски за коментарите на Венко Филипче, претседателпот на СДСМ за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за интерпелација на членовите на Судскиот совет. Мицкоски ги повика сите пратеници да го прифатат овој предлог.

Објавено на

часот

Сподели

„Јас ги поканувам сите парламентарни партии заеднички да го работиме овој процес, да биде инклузивен, да не биде дека нешто солираме. Еве да направиме една нова пракса, да обезбедиме еден општествен консензус дека ни се потребни промени и заеднички да работиме тие промени да се случат. Но, не може никако причината да стане решение. Сега причината за ваквата состојба во судството, а тоа е Владата која што седум години беше таму каде што беше и позади кои одлуки има многу контроверзии и скандали, посебно во судството, не сакам да ве потсетувам на оној шверцерски поминат Кривичен законик со европско знаме… Сега тие се претставуваат себеси како решение. Процесот треба да е инклузивен, да имаме општествен консензус“, вели тој и додаде.
„Еве не сакаме ние да имаме ексклузивно право само ние да ги правиме тие измени. Ги повикувам сите пратеници во Парламентот ако се согласуваат дека треба да се распушти овој Судски совет кој што тие го гласале, ги повикувам кога ќе дојде точката на дневен ред да гласаат, во насока на тоа да бидат разрешени овие членови на Судскиот совет.
А, потоа заедно во еден инклузивен процес да најдеме луѓе кои ќе мониторираат и ќе бидат тие кои што ќе идентификуваат судии кои злоупотребуваат тоа што се судии и кои се причинители би рекол поради нивните контроверзни одлуки на некои процеси кои не треба да ни се случуваат“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ