петок, 7 февруари 2025

Пожарникарите од Кавадарци лани имале 389 интервенции

Пожарникарите од Кавадарци лани имале 389 интервенции. Од нив, во 28 случаи гаснеле пожари во внатрешен простор, а во 182, на отворено, имале 21 интервенции при запалени оџаци, 54 интервенции при запалени контејнери за ѓубре и 104 технички интервенции. Се интервенирало и надвор од општината. Овие податоци се дел од извештајот на Територијалната противпожарна единица, што беше едногласно усвоен на денешната седница на Советот на Општина Кавадарци.

Објавено на

часот

Сподели

Генерална забелешка е дека работата на противпожарната единица во 2024 година е на високо професионално ниво, пишува во извештајот, потпишан од командирот Александар Чадамов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ