петок, 21 февруари 2025

Пожар во зграда во Кисела Вода, едно лице е повредено (ФОТО)

Синоќа во стан од зграда во близина на општинските бараки на Кисела Вода избувна голем пожар во кој едно лице е повредено. Еден стан е целосно изгорен, а неколку станови беа зафатени од огнената стихија, оставајќи дел од жителите без покрив над главата. Противпожарните екипи го локализираа пожарот и спречија да се прошири.

Објавено на

часот

Сподели

Интервенцијата на проитвпожарните екипи беше поддржана и од екипи на МВР, кои ја обезбедија областа и помогнаа во евакуацијата на станарите.

Жителите на погодената зграда ноќта ја поминаа во просториите на Општина Кисела Вода, каде што им е обезбедено засолниште и потребна помош. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој со својот тим беше на терен веднаш по избувнувањето на пожарот, изјави дека општината ќе помогне со сите расположливи ресурси за да се надмине ситуацијата.

„Мојот народ нема да го оставам на милост и немилост. Оваа ноќ ќе ја поминеме заедно, а уште утре наутро ќе почнеме со помош за сите погодени“, изјави градоначалникот.

 

Надлежните служби во текот на денот ќе извршат увид за да ги утврдат причините за избувнувањето на пожарот, како и за проценка на материјалната штета.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ