„На лице место сме, пожарот е на граничната линија со Република Бугарија меѓу селата Саса и Моштица. Во акцијата за гаснење учествуваме четири луѓе од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, двајца вработени од Шумското стопанство и двајца од Граничната полиција“, информира Александар Јовановски, командира на ТППЕ Македонска Каменица.
Екипите, како што вели, ќе останат на терен за да имаат целосен увид во состојбата.
„Во пожарот е зафатена сува трева, а среќна околност е што во близина има снег. Да се надеваме дека пожарот ќе се стабилизира, односно нема да се прошири“, додава Јовановски.