сабота, 5 октомври 2024

Пожар крај патот од Струмица кон Василево, се вози по стариот пат

Центарот за управување со кризи – ЦУК вечерва информира дека поради пожар на трева крај патот во прекин е сообраќајот во двата правци од Струмица до Василево.

Објавено на

часот

Сподели

„Од 22 часот на регионалниот пат Струмица – Радовиш на делницата од
Струмица до крстосницата со село Василево, сообраќајот е во прекин во двата правци, поради настанат пожар на сува трева покрај патот. Сообраќајот се одвива по стариот пат“, велат од ЦУК.

Пожарот на ниската вегетација го гаснат тројца струмички пожарникари со едно противпожарно возило, велат од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ