Тимот покрај Кедев бил составен од седуммина Непалци, Американец, Јапонец и Пакистанец.
За Кедев ова е 12. врв над 8.000 метри, а годинава ги искачи Макалу, Лоце и Гашербрум 2. Како предизвик пред него остануваат само уште врвовите Кангченѕунга (8.586 метри) и Гашербрум 1 (8.068) за да ги комплетира сите врвови во светот со над 8.000 метри.