сабота, 19 октомври 2024

Пожар кај Кондово, гори сува трева, грмушки и нискостеблеста шума

Кај село Кондово во Општина Сарај денеска во 14:17 часот е пријавен пожар со кој се зафатени сува трева, грмушки и нискостеблеста шумска вегетација, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на ЦУК, Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје е на терен со две возила и пет пожарникари.

„Овој  пожар на отворено е еден од повеќето во земјава денеска, врз коишто дејствуваат пожарникарските тимови од повеќе институции од Системот за управување со кризи, што е близу до патна мрежа и може да се забележи полесно“, велат од ЦУК.

Утрото од ЦУК соопштија дека вчера низ Македонија имало 28 пожари на отворен простор. Од нив, активни се уште три, во општините Македонски Брод, Врапчиште, и во Крива Паланка. Пожарот во Кондово е четвртиот регистриран денеска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ