Хамас денеска соопшти дека „ниту еден пат за испорака на помош, вклучително и привремениот пристап преку море, не е алтернатива за рутите под палестинска контрола“.
По неколкудневната блокада на хуманитарната помош за Појасот Газа, каде што се заканува глад, американската војска вчера најави пристигнување на „околу 500 тони помош во наредните денови“.
Израелската војска изврши нови напади во Рафа во кои две лица беа убиени во кампот Бербера, соопшти Министерството за здравство на Хамас.
Израелската војска вчера соопшти дека во Појасот Газа се пронајдени телата на тројца израелски заложници, киднапирани за време на нападот на Хамас во Израел на 7 октомври.