среда, 26 февруари 2025

Повеќе од 250.000 луѓе ја потпишаа петицијата да му се одземе канадското државјанство на Илон Маск

Петицијата со која се бара одземање на канадското државјанство на милијардерот Илон Маск поради неговите „активности што се против националниот интерес на Канада“ досега е потпишана од повеќе од 250.000 канадски граѓани.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во петицијата, сеприсутниот советник на американскиот претседател „сега стана член на странска влада која се обидува да го избрише канадскиот суверенитет“, алудирајќи на заканите на Доналд Трамп да ја направи Канада 51-та американска држава, користејќи „економска сила“ за да го анектира својот северен сосед.

Маск, роден во Јужна Африка и сопственик на производителот на електрични возила Тесла, компанијата Спејсекс и социјалниот медиум Икс, има канадско државјанство преку својата мајка, Маја Маск, која по потекло е од провинцијата Саскачеван во централна Канада.

Милијардерот, кој беше натурализиран како американски државјанин во 2002 година, беше задолжен од Трамп да ја намали јавната потрошувачка на федерално ниво во САД.

Маск во одговор на петицијата на социјалните мрежи напиша дека „Канада не е ни вистинска држава“.

Тој неодамна постојано ја критикуваше политиката на канадскиот премиер Џастин Трудо, а во декември го поддржа и канадскиот опозициски лидер Пјер Поливер, лидер на Конзервативната партија.

Според канадскиот закон, државјанството може да се одземе ако граѓанинот извршил измама, дал лажна изјава или свесно сокрил информации за барање за имиграција или државјанство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ