сабота, 20 јули 2024

Повеќе од 1.000 луѓе починаа за време на аџилакот во Саудиска Арабија

Повеќе од 1.000 луѓе починале за време на годинешниот аџилак во Саудиска Арабија поради екстремно високите температури со кои се соочија верниците за време на посетата на исламските свети места во Мека, соопштија властите.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според двајца официјални претставници од Каиро, повеќе од половина од починатите биле аџии од Египет, пренесува Асошиејтед прес.

Египет ги укина лиценците на 16 туристички агенции кои им помагаа на аџиите да патуваат во Саудиска Арабија без овластување, соопштија египетските власти.

Египетската влада соопшти дека 31 аџија кои патувале во Саудиска Арабија со дозволи починале од хронични болести за време на годинешниот аџилак, но не понуди официјална бројка за аџиите кои отишле без официјално овластување за патување.

Сепак, неименуван египетски владин функционер изјави дека уште најмалку 630 Египќани загинале за време на аџилакот, повеќето од нив биле пријавени на службите за итни случаи во населбата Ал-Муаисем во Мека.

Потврдувајќи ја оваа бројка, египетски дипломат изјави дека повеќето од починатите се погребани во Саудиска Арабија. Саудиските власти, исто така, ја зајакнаа контролата на неовластени аџии, протерувајќи десетици илјади луѓе.

Меѓутоа, многу од нив, главно Египќани, успеале да стигнат до светите места во и околу Мека, некои дури и пешки.

За разлика од аџиите кои патуваат со соодветни дозволи, илегалните аџии немаа хотели за да се засолнат од жештините.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ