сабота, 30 ноември 2024
Нова итерација на успешниот кросовер

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: светска премиера на новиот кајен на Порше (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Објавено на

часот

Сподели

Германската марка темелно го усоврши својот успешен луксузен теренец. Новиот кајен дебитира со дигитален дисплеј и нов концепт за управување, нова технологија на шасијата и иновативни високотехнолошки карактеристики. „Тоа е една од најобемните надградби на производите во историјата на Порше“, изјави Михаел Шацл, потпретседател на производната линија на кајен. Матрикс ЛЕД фаровите со висока дефиниција обезбедуваат осветлување на патот приспособено на секоја ситуација во возењето, системот за квалитет на воздухот ги филтрира загадувачите на воздухот во внатрешноста, а за прв пат во кајен, совозачите имаат свој инфозабавен дисплеј. Со својот надграден дизајн и помоќниот опсег на мотори, кајен сака да порача дека е најспортскиот автомобил во својот сегмент.

Дигитализиран и фокусиран на возачот

Порше интегрира целосно ревидиран концепт на дисплеј и контрола во новиот кајен. Новото Порше возачко доживување, првпат претставено во порше тајкан, се фокусира на возачот. Функциите што возачот ги користи се наоѓаат директно на управувачот или веднаш до него, како рачката на менувачот. Ова создава простор во новата централна конзола за прегради за складирање и голем контролер за климатизација во елегантен дизајн на црн панел. Големите, лесно достапни контроли во комбинација со механички прекинувачи за климатизација и хаптички контролер за јачина на звук обезбедуваат оптимална оперативност и префинет изглед. Клучна карактеристика на новото Порше возачко доживување е правилната рамнотежа помеѓу дигиталните и аналогните елементи.

За прв пат, редизајнираниот кокпит на кајен вклучува целосно дигитална 12,6-инчна табла со инструменти со таканаречен заоблен и варијабилен екран. Хедап дисплејот е достапен како опција. Стандардниот 12,3-инчен централен дисплеј хармонично се интегрира во новата контролна табла и обезбедува пристап до сите релевантни функции на возилото. Екранот од 10,9 инчи за прв пат е достапен за совозачката страна. Ова го збогатува искуството во возењето на совозачот со прикажување податоци за перформансите, обезбедување посебен пристап до контролите на системот за инфозабава и, во зависност од пазарот, опција за прикажување на видео содржини. Дисплејот поставен пред совозачот не се гледа од страна на возачот за да не го одвлекува неговото внимание.

Рафиниран дизајн, иновативна технологија за осветлување

Новиот кајен сега има особено експресивен изглед. Новиот преден дел во комбинација со посилно заоблени крила, нова хауба и технички привлечни фарови ја нагласуваат ширината на возилото. Тридимензионално дизајнираните задни светла и новиот заден браник со интегриран држач за регистарски таблички го карактеризираат дизајнот на задниот дел на новиот кајен. Проширената палета на бои со три нови бои, спортските пакети кои заштедуваат до 33 килограми за кајен купе и новата широка палета на тркала од 20, 21 и 22 инчи, овозможуваат индивидуално и динамично конфигурирање на новиот кајен.

Порше воведе и систем за квалитет на воздухот во новиот кајен. Сензорите го детектираат нивото на ситни честички прашина во воздухот, кој се рециркулира низ филтерот за ситна прашина повеќе пати доколку е потребно. Дополнително, јонизаторот отстранува многу бактерии и загадувачи од воздухот, што е особено корисно за оние кои страдаат од алергии.

Покрај тоа, клиентите можат да користат сеопфатен опсег на нови и оптимизирани системи за помош. Тука спаѓаат активното ограничување на брзината, помошта во свиоци и подобрениот инодрајв како дел од адаптивната контрола на патувањето. Ова значи дека новиот кајен е уште подобар во помагањето на својот возач во опасни ситуации, како и во сообраќајниот метеж во урбаната средина или на автопатите.

Зголемена удобност и перформанси

Порше го опремува кајен со челична пружинска суспензија, вклучително и адаптивниот менаџмент на суспензијата на Порше. Новите амортизери со технологија со 2 вентили, а со тоа и одделните фази на враќање и компресија, овозможуваат оптимизирани перформанси во сите ситуации на возење. Конкретно, удобноста при мали брзини, управувањето при динамични свиоци и поддршката при теренско возење се значително подобрени. Возачкото искуство може дополнително да се подобри со новата адаптивна воздушна суспензија со технологија со 2 комори и 2 вентили. Ова го подобрува искуството во возењето со мека суспензија, го стабилизира возилото и го поедноставува управувањето на и надвор од патот – споредено со стандардната суспензија и со претходниот модел. Суспензијата исто така нуди уште поостра диференцијација помеѓу режимите на возење нормал, спорт и спорт плус.

Електричен досег до 90 километри

Во Европа, новиот кајен дебитира со три различни верзии на мотори. Огромното усовршување на четирилитарскиот V8 битурбо мотор, кој го заменува претходниот V6 мотор во новиот кајен С. Со максимална моќност од 349 киловати (474 коњски сили) и вртежен момент од 600 њутнметри – 25 киловати (34 коњски сили) и 50 њутнметри повеќе од својот претходник – го забрзува и кајен и кајен купе до 100 км/ч за 4,7 секунди. Максималната брзина е 273 км/ч. Основната варијанта на кајен доаѓа со оптимизиран трилитарски V6 турбо мотор, кој сега генерира 260 киловати (353 коњски сили) и 500 њутнметри.

Шестцилиндерскиот мотор, исто така, ја формира основата за погонската група на кајен е-хибрид. Во комбинација со новиот електричен мотор кој е подобрен за 30 киловати, сега има вкупна моќност од 130 киловати (176 коњски сили), со што комбинираната моќност се зголемува на 346 киловати (470 коњски сили). Опремен со високонапонска батерија со зголемен капацитет од 17,9 киловат часови на 25,9 киловат часови, во зависност од нивото на опремата, сега е возможен чисто електричен опсег според ВЛТП циклусот до 90 километри. Новиот вграден полнач од 11 киловати сега го скратува времето на полнење на соодветен извор на енергија на помалку од два и пол часа и покрај зголемениот капацитет на батеријата. За време на патувањето, оптимизираните е-хибридни режими на возење ја зголемуваат ефикасноста на возилото.

Достапен со дополнета стандардна опрема

Стандардната опрема на Cayenne е значително проширена за да вклучи Matrix LED фарови, Porsche Active Suspension Management, 20-инчни тркала, предни и задни Park Assist системи вклучувајќи камера за рикверц и фиока за паметни телефони со индуктивно полнење до 15 вати. Новите модели се достапни за нарачка веднаш, а испораката во Македонија ќе започне во текот на летото оваа година.

кајен

кајен

кајен

кајен

кајен

кајен

кајен

кајен

кајен

кајен

кајен

кајен

кајен

кајен

кајен

кајен

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ