сабота, 19 октомври 2024

Поубаво време нѐ очекува утре, а топол бран во петок

Од утре ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди и слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од три до 12, а максималните од 10 до 19 степени. Во петок и сабота на места се можни температури до 28 степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје утре ќе биде умерено до значително облачно. Минималната температура ќе биде 9, а максималната 17 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), в петок и в сабота ќе дува засилен југоисточен ветер, кој ќе предизвика значителен пораст на температурата.

В сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд. 

Следните три дена минималната температура ќе биде во интервал од пет до 15 степени, а максималната од 16 до 28 степени.

                                                                         Фото: Тресонче

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ