вторник, 22 октомври 2024

Потпишан меморандум, очекуваме зголемен број на туристи од Словачка

Објавено на

часот

Сподели

Меморандумот предвидува да се преземат конкретни чекори за продлабочување на соработката помеѓу туристичите сектори од државава и Балканот од една страна и Словачка и централна Европа од друга страна.

Според договорената соработка, веќе во септември годинава 15 претставници од најзначајните словачки тур-оператори ќе ја посетат државава и преку организирана едукативна тура ќе се запознаат со сите туристички можности што ги нуди нашата држава. До крајот на годината ќе биде возвратена посетата од страна на НАИТМ на Словачка со презентација на убавините на Македонија, а истовремено и со запознавање со можностите што ги нуди Словачка како туристичка дестинација. 

Од НАИТМ посочуваат дека Словачка е земја со која имаме пријателски релации, сличен јазик, култура и многу слични карактеристики. Како голема предност за развој на меѓусебната туристичка соработка ја истакнуваат одличната авионска поврзаност со Братислава и аеродромот во Виeна којшто е на само 50-тина километри од Братислава.

„Словаците се активни туристи, многу од нив возат велосипеди, сакаат да пешачат во природа и според најновите статистики имаат авантуристички дух, а Македонија е дестинација што нуди автентични искуства и недопрена природа, идеална за овој тип на туристи. Словаците беа пријатно изненадени од капацитетот на нашиот туристички сектор и можностите што им ги презентиравме. Тие изјавија дека со сигурност Македонија ќе биде нивната порта кон Балканот. Но, со ова се отвора и уште една многу интересна дестинација за посета и на граѓаните од нашата земја, а воедно, преку Словачка и Братислава да се посетат и други земји од Централна Европа“, вели Сулев. 

Соработката на туристичките сектори е поттикната од Амбасадата на Македонија во Словачка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ