Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари, а Еуродизел (Д-Е V) поскапува за 2 денара по литар, соопшти Регулаторната комисијата за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 81,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 84, Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 82,50, а Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 84 денари.