вторник, 22 октомври 2024

Посебен сообраќаен режим во Општина Илинден

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска од 12 до 16 часот во Општина Илинден ќе има посебен сообраќаен режим поради одржување на велосипедска трка „Трофеј Илинден“ во организација на општината.

Фото: Илстрација

Објавено на

часот

Сподели

Припадници на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземат мерки за пренасочување на сообраќајот по околните улици.

„Трасата на движење на учесниците на велосипедската трка за рекреативци ќе биде од спортска сала Гоце Делчев, по ул.9, ул.8  до целта – спортската сала, додека трасата на движење на учесниците на велосипедската трка за професионалци ќе биде од спортска сала Гоце Делчев кон општинската зграда Илинден, преку надвозникот во населба Илинден кон Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино, Марино до целта – спортска сала Гоце Делчев“, соопшти МВР.

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите  на полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива велосипедската трка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ