недела, 20 октомври 2024

Посебен сообраќаен режим за Водици во Центар, Аеродром и во Ѓорче Петров

Поедини булевари и улици во Центар, Аеродром и во Ѓорче Петров утре, поради верскиот празник Водици, ќе бидат времено затворени, информираат од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Од 8 часот па до завршување на активностите, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул.Филип Втори Македонски, на потег од крстосница со бул.Гоце Делчев до крстосница со ул.11 Октомври, во двете насоки.

Во општина Ѓорче Петров од 8 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата Свети Петар и Павле, бул.Партизански одреди, до ул.Ѓорче Петров, па од ул.Ѓорче Петров до ул.Васил Чакаларов, како и од црквата Свети Пантелејмон, ул.Козле, дел од ул.Васил Чакаларов до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром од 10.00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче. МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите од униформираните полициски службеници“, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ