сабота, 19 октомври 2024

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје од 9 до 12 часот

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за внатрешни работи  информира дека утре од девет до 12 часот, поради одржување на генерална проба во врска со 30-тиот Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година во СРЦ Борис Трајковски кој ќе се одржи од 29 ноември во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

„За сообраќај ќе бидат затворени следните сообраќајници – бул.Илинден од крстосница со бул.Св.Климент Охридски до крстосница со ул.Љубљанска и бул.8-ми Септември од крстосница со ул.Скупи до крстосница со бул.Партизански одреди“, велат од МВР. 

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ