сабота, 26 октомври 2024
Го уништи

Португалски талент порача дека една „Златна топка“ на Роналдо е негова, па доби брутален одговор од ЦР7!

Кристијано Роналдо испрати брутален одговор на социјалните мрежи откако поранешен младинец на Спортинг изјави дека заслужува барем една од „Златните топки“ на ЦР7.

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот младинец на Спортинг, Фабио Паим неодамна ја сумираше својата кариера, раскажа како бил голем талент и можел да биде на нивото на Кристијано Роналдо доколку го имал менталитетот на напаѓачот на Ал Наср.

„Кристијано Роналдо треба да ми понуди една од неговите „Златни топки“. Со 7 години станав дел од академијата на Спортинг и имав неколку спешни години во кои освоив се што може да се освои. Не ги достигнав височините кои требаше да ги достигнам, но оставив белег врз една генерација“ – рече Паим.

„Луѓето не ме забораваат, и тоа не е случајно“.

Тој потоа додаде: „Да го имав менталитетот на Кристијано Роналдо, ќе бевме јас, тој и Меси, немаше да бидат само тие двајца“.

„И можеби Криситјано Роналдо немаше да ги освои сите тие „Златни топки“, можеби една ќе беше моја“.

По ваквата изјава, Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи и испрати брутална порака: „ВТФ? Кој е овој човек?“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ