Босна и Херцеговина одолеваше до 44. минута кога Бернардо Силва постигна гол за водство на Португалија од 1-0.
Во 77. минута Бруно Фернандеш зголеми на 2-0, играчот на Манчестер јунајтед постигна уште еден гол, во 93. минута ги постави конечните 3-0.
Австрија со автогол на Мангала во 22. минута поведе на гостувањето кај Белгија со 1-0, Лукаку во 62. минута изедначи на 1-1. Тоа беше и конечниот резултат на мечот.
Албанија со 2-0 ја совлада Молдавија. Поранешниот играч на Вардар, Асани беше стрелец на првиот гол, Бајрами го постигна вториот.
Чешка со 3-0 победи на гостувањето кај Фарските Острови, Словачка со 2-1 славеше кај Исланд, а Грузија со истиот резултат победи кај Кипар.