сабота, 19 октомври 2024

Порошенко: Ја обновивме војската благодарение на договорите од Минск

Објавено на

часот

Сподели

Целта на Минските договори беше помирување на Киев со источните региони кои не го поддржаа државниот удар од 2014 година, кој се одигра со поддршка на Западот.

„Дали знаете колку баталјони имав северно од Киев кога станав претседател? Нула. Каква беше состојбата со државниот буџет? Под нулата. Каква беше со функционалните тенкови? Јад и беда”, кажа поранешниот украински лидер, опишувајќи ја состојбата во Украина пред девет години во интервјуто за италијанскиот весник “Коријере дела сера”, објавено во понеделникот.

Порошенко стапи на функција во јуни 2014 година во рамките на напорите на украинската влада по државниот удар со воена сила да го задуши бунтот во Доњецката и во Луганската област. Двата договори од Минск се потпишани додека Порошенко беше на чело на Украина. Нивна наводна цел беше деескалација на судирите и реинтеграција на регионот во украинскиот политички систем со широка автономија која никогаш не е добиена.

Наместо тоа, Порошенко истакна дека неговата влада се определила за вооружување со помош на западните спонзори.

„Веднаш по потпишувањето повикав инструктори на НАТО, купив оружје и возила. За време на мојот мандат изградивме војска“, кажа тој.

Поранешниот претседател оцени дека тоа ѝ овозможило на Украина да се подготви за ескалацијата на судирите со Русија. Русија ја почна инвазијата во Украина делумно поради избегнувањето на Киев да ги спроведе договорите од Минск, континуираните напади на киевските сили и на милитантите на Доњецк и на Луганск, како и задирања на НАТО во Украина.

Руските официјални лица истакнуваа повеќе пати дека договорите од Минск, на кои посредуваа Франција и Германија, биле преговарани со лоша волја. Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел признаа дека целта на овие спогодби било куповање време за Киев.

Порошенко претрпе убедлив пораз од Володимир Зеленски на изборите во 2019 година. Поранешниот комичар и актуелен претседател вети дека ќе ја смени политиката на воено провоцирање на својот претходник и дека ќе се помири со проруското население на Донбас. Меѓутоа, Зеленски направи пресврт по доаѓањето на власт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ