вторник, 22 октомври 2024

Пороен дожд, ветер и град се можни утре вечер и во петок

Од УХМР информираат дека утре вечер е можна појава на невреме, проследена со пороен дожд и силен ветер, а на места е можно да заврне и град. Од ЦУК алармираат да не се излегува на отворен простор и да не се засолнува под осамени дрвја.

Објавено на

часот

Сподели

Од УНМР известуваат дека утре во ноќните часови и во петок под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Во Скопје утре во ноќните часови и во петок, особено претпладне, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и со услови за краткотрајно невреме.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ