среда, 5 февруари 2025

Поранешниот директор на СОЗР како лажен новинар присуствувал на меѓувладина седница во Софија

По денешната кривична пријава од Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Пеце Мирчевски, во јавноста се откриваат нови детали во контекст на обвинението за несовесно работење во службата.

Објавено на

часот

Сподели

Имено, Мирчевски во 2022 година престојувал во Софија како новинар, за да известува од заедничката седница меѓу владите на Македонија и на Бугарија.

Поранешниот директор на СОЗР се потпишал на документ со кој самиот си се претставил како новинар, заедно со уште петмина во негова придружба, нарекувајќи ги новинари и уплатил од буџетски пари шест еднокреветни соби со полн пансион, наводно да го следат и да ја известуваат јавноста за настанот на 25 јануари 2022 година.

Уште едно од делата, поради кое е поднесена кривичната пријава е тоа што поранешниот директор на СОЗР дозволил една година владиниот авион да биде управуван од пилот, кому му се давала плата како да е капетан. Па така, иако пилотот немал капетанско звање, си наплатил 56 илјади евра за услугите, чијашто исплата ја одобрил Мирчевски.

Кривичната пријава за Пеце Мирчевски се однесува за сторени кривични дела: примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера во службата и несовесно работење во службата, а за сопственик на фирма од Скопје  поднесена е пријава за сторено кривично дело – давање поткуп.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ