„Ве информираме дека ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени. Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието. Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови. Списокот на работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други членови кои ќе дадат свој придонес во подготовката на уставните измени“, информираа од министерството за правда.
Членови на работната група се Сали Мурати, поранешен претседател на Уставниот суд, Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани, поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски, поранешен претседател на Уставниот суд, Јетон Шасивари, професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска, професор на на Правен факултет ,,Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати, професор на Правен факултет ,,Јустинијан Први”, Беса Арифи-Професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска, Професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска, професор на Институтот за национална историја.