Амбициозниот Гостивар реши сезоната да ја продолжи со ново тренерско име, се работи за 43-годишниот Исмаил Аталан кој во 2017 година беше на чело и на германскиот клуб Бохум.
Последниот негов ангажман бил како асистент во Аланијаспор.
По лошиот старт на сезоната, Гостивар влезе во одлична форма и нема пораз на последните 11 натпревари во Првата македонска фудбалска лига. Тие во моментов се на петтото место, но и покрај тоа раководството се реши за тренерска смена.