понеделник, 21 октомври 2024

Поранешен канадски разузнавач прогласен за виновен за одавање тајни информации на криминалци

Објавено на

часот

Сподели

Ортис споделил владини тајни со личности од организираниот криминал, беше кажано на осумнеделното судење во Онтарио. Ортис ги отфрли сите обвиненија, тврдејќи дека работел тајно на спречување „сериозна закана за Канада“.

Случајот е прикажан како тест за способноста на Канада да ги гони случаите на шпионажа.

Ортис бил уапсен во 2019 година и обвинет по шест точки, вклучително и кршење на законите за национална безбедност. Во тоа време, бил генерален директор на Националниот разузнавачки координативен центар – огранок на Кралската канадска коњичка полиција (РЦМП) кој се опишува како „клириншка куќа“ за внатрешно разузнавање и чувствителни информации.

Тој почнал да работи за РЦМП во 2017 година. Обвинителите рекоа дека Ортис ја искористил својата улога во 2015 година за да одаде чувствителни информации на тројца членови на меѓународниот синџир за перење пари и на човекот по име Винсент Рамос.

Американските власти претходно ја поврзаа фирмата за мобилна безбедност, управувана од Рамос, со шверцери на дрога и членови на организиран криминал. Ортис побарал од Рамос 27.429 канадски долари (20.000 американски долари) во замена за споделување информации за полициски операции, рекоа обвинителите, иако нема докази дека некогаш ги примил исплатите.

За време на судењето, Ортис тврдел дека добил дојава од неименувана странска разузнавачка агенција во 2014 година.

Ортис рече дека ја започнал тајната мисија за да ги искористи разузнавачките информации за да намами цели од подземјето да усвојат шифрирана услуга на е-пошта која на безбедносните агенции им давала пристап до нивните комуникации.

Тој, исто така, рече дека му било кажано дека полициските цели што ги следел имаат кртови во канадските агенции за спроведување на законот, што го спречило да споделува информации.

„Тој дејствуваше за да се соочи со сериозна закана за Канада која не може да се игнорира“, рече адвокатот на Ортис за време на завршните зборови.

Но, обвинителите тврдеа дека тој намерно ги споделил информациите без одобрение или известување на неговите претпоставени. Тие рекоа дека нема запис за неговата мисија во архивите на РЦМП.

„Неговата приказна не беше ништо повеќе од обид да ве натера да верувате дека неговите криминални, самомотивирани постапки биле насочени кон некоја возвишена и тајна цел“, рече обвинителката Џуди Кливер.

„Никој, без разлика колку е важен, не е над законот кога станува збор за загрозување на безбедносните интереси на Канада“, рече Џорџ Долхаи, од Канцеларијата на јавниот обвинител на Канада.

Обвинителите бараат 20-годишна затворска казна за Ортис. Тие тврдат дека тој немал овластување да открива доверливи материјали и не го правел тоа како дел од овластена тајна операција, пишува Гардијан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ