недела, 20 октомври 2024

Поранешен израелски премиер: Ние ги изградивме бункерите под болницата Ал Шифа (ВИДЕО)

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак предизвика контроверзи откако на новинарката на Си-ен-ен Кристиане Аманпур ѝ кажа дека Израел помогнал во изградбата на некои од подземните простори под болницата Ал Шифа во Газа.

Објавено на

часот

Сподели

Барак кажа дека бункерите кои Хамас наводно ги користи за терористички дејства изворно „ги изградиле израелски градежници“.

„Кога кажавте дека ги изградиле израелски инженери, дали погрешно се изразивте?“, го праша изненадената Аманпур.

„Не, не, знаете, пред неколку децении ние управуваме со местото, па им помогнавме, им помогнавме да ги изградат тие бункери за да овозможат повеќе простор за работа на болницата“, одговори Барак. Аманпур призна дека коментарот на Барак „Малку ја збунил“.

Тајмс оф Израел пишува дека снимката масовно се шири по интернет и дека критичарите на Израел ја претставуваат како доказ дека Израел лаже за тоа дека Хамас гради тунели под болницата и дека го користи медицинскиот комплекс за да се заштити од напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ